-->
-->
Србиновски го соопшти списокот од 12 играчи за Евробаскетот 2015
-->
Селекторот на македонскта кошаркарска репрезентција Марјан Србиновски по синоќешниот тренинг ги одреди дванаесетте патници за Евробаскетот 2015. На континенталниот собир нема да настапат младиот бек Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски.
На ЕП кое по првпат во историјата ќе се одржи во четири држави, Хрватска, Франција, Летонија и Германија, македонската селекција ја сочинуваат: Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски.
Црвено жолтите натпреварите на Евробаскетот ги започнуваат во сабота во 18 часот против Грција, следни ривали во групата Ц се селекциите на Холандија, домаќинот Хрватска, Грузија и Словенија.
Македонија утре со авион заминува за Загреб каде ќе се играат натпреварите од Ц групата.
Покрај селекторот Србиновски во стручниот штаб на нашиот национален тим се и тренерите Перо Блажевски и Александар Јончевски и италијанскиот стручњак за физичка подготовка Џакомо Браида.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка