Кошарка
11. April 2017 - 15:25

Србиновски: Берое е фаворит, но ние нема да излеземе со „бело знаме“

Кошаркарите на Куманово попладнево во Стара Загора, ќе го играат првиот меч од финалето во БИБЛ лигата протов екипата Берое.
 
Тренерот на кумановски Марјан Србиновски фаворитската улога ја препушта на противникот, но потенцира дека во мечот нема да влезе со бело знаме. 
 
„Противникот има 10-11 играчи во ротација кои држат висок интензитет на игра, атлетски се добро спремна екипа, па ќе биде доста тешко. Мора да ги успориме и да ја одбраниме нивната игра во транзиција и нивниот офанзивен скок. Само така може да се надеваме на некој поволен резултат. Секој сака победа и ако биде некој пораз тоа да биде со помала разлика за да може да се обидеме во вториот натпревар пред наша публика да направиме пресврт. Верувам дека ќе се наполни салата, а тоа ќе не мотивира да одиграме најдобро што можеме“, изјави Марјан Србиновски.
 
Првиот финален натпревар се игра денес од 17.30 часот, а ќе може да го следите низ директен пренос на СИТЕЛ 3 телевизија, како и ревашоткој на програмата е следниот вторник во Куманово (19 часот)