Србинки и Македонки нудат сексуални услуги во Дубаи за 100 евра од вечер
Повеќе од 400 Србинки нудат сексуални услуги преку само една интернет- страница, и тоа за цена која почнува од 2.000 евра на ден, пишува српскиот весник „Блиц".
За време на новогодишните празници на интернет-страницата бројот на девојки се намалил од 430 на 380, но бројот повторно се зголемил овој викенд, кога на интернет-страницата се појавиле и неколку нови имиња. Пишувајќи приказна за нив, весникот стапил во контакт со еден клиент кој користел услуги од овие девојки.
- Сега ми беа тројца соработници. Странци. Дојдоа во хотел. Момците од рецепција знаеја сѐ. Потоа во собата почна „благо" загревање, односно се напивме еден пијалак, но таксиметарот си работи. По 10 минути се „фрлија" на работа. Момците добија „комплетен сервис", а тие по 130 евра од час – рекол „клиентот".
Повеќето девојки од нив патуваат честопати во арапските земји, се разбира, најмногу во Дубаи.
- Не работат само во Белград. Одат по светот, најмногу во арапските земји. Сите се многу убави, дотерани како за на доделување „Оскар" – рекол изворот за „Блиц".
Исто така, веќе подолго време кружи информација дека во Дубаи со проституција се занимаваат и девојки од Македонија.
Две девојки од внатрешноста на земјава веќе неколку години „работат" во оваа земја, меѓутоа, услугите што тие ги даваат најчесто се на фудбалери од познати странски клубови, тамошни бизнисмени и слично...
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани