Србинка ја диктира цената на балканските проститутки на јахти
Задарската полиција откри случај на проституција во кој повеќе лица се приведени поради организирање и давање сексуални услуги на јахти и во апартмани. Криминалистичката полиција во Задар ја заврши истрагата против повеќе лица кои организирале и давале сексуални услуги во околината на градот и во други делови на Хрватска.
Како што известија, за кривично дело „организирање“ биле пријавени три лица од 25 до 34 години од Задар и 29-годишна српска државјанка која воедно и давала сексуални услуги, пишува нет.хр. Покрај неа, за давање сексуални услуги се пријавени уште две хрватски државјанки кои, исто така, давале сексуални услуги. Се уште не се открива дали во овој ланец на проститутки има и девојки од Македонија.
Според полицијата, се се одвивало во текот на неколку месеци, а клиентите со девојките се среќавале по јахти и апартмани. Нивните услуги чинеле од 300 до 600 евра.
– Девојките на кои проституцијата им е основен бизнис, од Белград лесно доаѓаат на работа на црногорското приморје. Колку пари можеле да заработат е прашање. Ниедна нема тарифа на саат. Богатите клиенти даваат онолку колку што се задоволни од услугата и колку им е длабок џебот. Патем, заедно со богатите клиенти на девојките им се гарантира и луксузен провод. Кокаинот е речиси задолжителен дел од декорот, раскажала за „Блиц“ една од белградските ескорт-дами.
Таа вели дека нема елитна проституција без добар посредник. Девојката не може да работи сама. Прво, сите тие клиенти се или стари муштерии или ако се нови, бараат по препорака. Плаќаат одлично, но и бараат девојки на високо ниво на работа. И тоа ниво чини, открива таа.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер