-->
-->
Србин пронашол и вратил 40.000 евра, сопственикот „го почестил“ со 50
-->
Синиша Дабиќ, вработен во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот.Тој црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник. Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда.
– Го запознав човекот, дојде по половина час и целиот беше среќен. Со години работел во Норвешка, дошол со парите и ги загубил. Кога ги изброи парите и се увери дека се е на место, ми даде 50 евра. Јас не сакав да ги земам, тој инсистираше, па тогаш ги зедов и ги почестив колегите, изјави Дабиќ.
Неговите колеги пак, велат дека тој е примерен работник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
