Балкан
30. December 2017 - 14:11

Србин ограбен и малтретиран во неговиот дом во близина на Приштина

Жител на селото Угљаре во близина на Приштина, бил нападнат и малтретиран, јавуваат косовските медиуми.

Командантот на полициската станица во Грачаница Братислав Трајковиќ изјави дека 50 годишниот Златибор Дениќ бил претепан во неговиот дом, врзан и малтретиран, по што напаѓачите го ограбиле. Нападнатиот претрпел изгореници по нозете и на крајот бил оставен врзан во неговата куќа.