Србија во шок: Педофил фатен од надзорна камера, девојчето се спасило во последен момент
Маж (36) кој минатата недела е уапсен во Нови пазар во Србија, поради сексуално злоставување на две девојчиња, на полицијата и е познат од порано, поради слично, однесување, но и по кражби и измами.
„Блиц“ пишува дека од снимката на надзорните камери го препознале бројни граѓани. На снимката се гледа како 36-годишникот го намамил девојчето во влезот на зградата и се обидел да и ја соблече јакната.
-Тој пред десетина години ја нападна ќерка ми, поради што доби само три месеци затвор. За среќа, полицијата го пронајде пред мене, бидејќи ако тогаш го фатев веројатно сега не би напаѓал девојчиња по влезови на зградите, раскажал еден татко кој го препознал од снимката.
Само два дена подоцна, истото се обидел и со деветгодишно девојче кое се раскажала на своите родители, а потоа повикале полиција. Мајката на тоа девојче рекла дека манијакот и ја кренал јакната и рацете и ги ставал на струкот велејќи дека сака „да и земе мерки за да стане манекенка“.
Судот сега, поради напаствување на 12- годишно девојче минатиот понеделник, му одредил 30 дена притвор.
Интересно е и дека тој маж се обидел да го напаствува девојчето додека на ногата веќе имал електронска нараквица за надзор, а куќата можел да ја напушта само на два часа дневно. И’ двата напади на девојчињата се случиле токму во тоа време.
На сослушувањето 36-годишникот рекол дека не е виновен. За едното девојче рекол, дека не го видел, додека за другото вели дека ја видел но не признава дека ја напаствувал.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање