Србија: Сите продавници затворени во недела?
Неделата би можела да стане неработна за трговците во Србија, ако надлежните ја прифатат иницијативата на Самостојниот синдикат за трговија со закон да се регулира забраната за работа на тој ден.
Иако за вработените ова би значело големо олеснување, економските пресметки покажуваат дека овој потег би го намалил бројот на работници во овој сектор за околу 8 проценти, а државата би загубила голем дел од финансискиот колач ДДВ, пишува „Вечерње новости“.
Според податоците на Синдикатот, во српските продавници работат од 190.00 до 200.000 вработени, од кои повеќето жени. Нивните плати се пониски од републичкиот просек и изнесуваат околу 29.000. Магационерите, касиерите и излагачите на стока примаат околу 23.000 динари, а вработените во малите бакалници земаат уште помалку, а најчесто и не се пријавени, пишува „Вечерње новости“.
– Овие луѓе не знаат за празник, а не па за зголемена дневница за работа на неработен ден – вели претседателот на Синдикатот, Радослав Топаловиќ. Само таму каде што се синдикално организирани за работа во недела и на државен празник добиваат зголемување од 26 отсто.
– Иако во Србија работната недела трае 40 часа, овие луѓе работат многу подолго, немаат викенди, немаат празници, а во замена добиваат слободен ден, на пример вторник – потенцира Топаловиќ.
Во соседството борбата да се забрани работа во недела почна во 2006 година. Обидите на хрватскиот Каритас и Фрањевскиот институт за култура на мирот од Сплит ги осуети Уставниот суд на Хрватска во 2009 година, кога ја укина забраната за работа во недела.
Словенците со помош на силни синдикати на референдум се изборија да се работи само 10 недели во текот на годината, а останатите да бидат слободни.
Со закон донесен во 2015 година во Унгарија се забранува работа на продавниците во недела, освен на оние кои имаат до 200 квадратни метри, семејни продавници во кои работат сопствениците или нивни блиски, аптеки, бензински, продавници на аеродромите, железничките и автобуските станици и локални пазари. Против овој закон биле Националната асоцијација на претприемачи и работодавци.
Ново на Сител
-
Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Брисел
-
Презентација на предлог за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите
-
Министерката Јаневска и амбасадорката Улман ќе ја посетат компанијата „Ронтис“ во Велес
-
Украина, Блискиот Исток, глобалната улога на ЕУ и миграцијата главни теми на декемврискиот Самит на Унијата
-
Годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин
-
Воена помош од Лондон за Киев вредна 225 милиони фунти
-
Сончево со мала облачност, претпладне со услови за магла по котлините
-
Можноста да се одблокираат преговорите со ЕУ, како и за позициите на земјава во однос на таквите напори во фокусот на средбата Мицкоски-Туск