-->
-->
Србија: Повлечени два тона „Ципирипи“ крем, откако во производот паднала гума
-->

Инспектори од Министерството за земјоделство на Србија забранија промет и наложија повлекување на 1.953 килограми какао крем производи и млечен крем производи „Нестле ципирипи“, бидејќи во производот паднало парче гума.
Претходно, компанијата Нестле Адриатик соопшти дека од пазарот ги повлекла Ципирипи кремовите со сите рокови на траење кои се до октомври 2018 година.
Од компанијата соопштија дека ги повлекле сите производи од претпазливост, откако повеќе потрошувачи се пожалиле дека нашле парчиња гума во Ципирипи Дуо кремот. Освен овој крем, повлечени се и Нугат и Чоко-Ванила.
Компанијата соопшти дека после детална анализа утврдиле дека гумата во производот дошла од производствената линија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
