Балкан
19. October 2018 - 12:36

Србија плаче по најголемата филмска дива: Милена Дравиќ не можеше без Гаге, сега се повторно заедно!

Дивата на српското и југословенското актерство Милена Дравиќ ќе биде денеска погребана во Алеата на великаните на Новите гробишта во Белград. 
 
Комеморацијата по повод смртта на Милена Дравиќ беше одржана на сцената на „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот Звездар. 
 
- Беше најголема, само да поживееше уште малку,  но  не можеше без својот Гаге, сега се заедно, ова го кажа еден од колегите. 
 
По овие зборови цела сала беше во солзи. 
 
На комеморацијата присуствуваа семејството, голем број на пријатели,  колеги од театарот и естрадни уметници. 
 
Милена Дравиќ почина на 14 - ти октомври по тешка болест.