Loading Video...
Свет
4. April 2023 - 12:25

Србија од утрово е покриена со снег

Србија од утрово е покриена од снежна прекривка. Снегот кој од синоќа ја зафати целата земја направи сериозни сообраќајни проблеми на целата територија на нашиот северен сосед. Српските медиуми пишуваат за неколку сообраќајни несреќи предизвикани од невремето. Во Крагуевац, автобус кој превезувал работници излетал од патот, при што повредени се 18 лица.

Околу 20 сантиметри снег утрово има наврнато и во Белград. Од снежните наноси во централното градско подрачје се скрила гранка од дрво, која паднала врз две девојчиња, при што едното од нив се здобило со потешки повреди. Откорнати дрва и скршени гранки паднати врз автомобили има на повеќе места низ белградските улици.

На југот од Србија, во регионот на Медвеѓе, поради обилните вржи од снег, околу 500 семејства останале без електрична енергија.

Метереолозите во Србија предвидуваат дека студеното време ќе се задржи до крајот на неделата.  Снежните врнежи ќе престанат во попладневните часови, а нов снег се очекува утре во раните утрински часови.

Најмалку едно лице загина, а триесетина се повредени, од кои некои потешко, откако патнички воз излетал од шините во западна Холандија. До несреќата дошло откако возот, кој пренесувал околу 50 луѓе, удрил во градежна опрема која била оставена на шините во близина на селото Воршотен во западна Холандија. По судирот избувнал пожар во задниот вагон на патничкиот воз.

Ова е неверојатно трагична несреќа. Сочувствувам со жртвите. За жал, има и смртен случај. Сочуствувам со целото семејство и пријателите на загинатиот , рече во изјавата градоначалничката на Вооршотен, Надин Стемердинк.

Ова е втора голема железничка нерсеќа последниов период на Европско тло, откако претходно ваква сцена видовме во Грција, кога додје до судар меѓу патнички и товарен воз, а во несреќата настрадаа над 50 лица.

Финска денеска и официјално ќе стане дел од НАТО семејството. Таа ќе биде 31 првата земја членка на Алијансата.

Овој потег ќе ја направи Финска побезбедна земја, а Шведска ќе биде побезбедна како резултат на влезот на нејзиниот сосед во НАТО. Во седиштето на НАТО првпат ќе го подигнеме финското знаме. Вторник ќе биде добар ден за безбедноста на Финска и на НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Турскиот Парламент на 30 март го ратификуваше влезот на Финска во НАТО, со што беше отстранета и последната пречка за влез на оваа нордиска земја во Алијансата.

НАТО во пресрет на денешната церемонија соопшти дека не планира итно да го засили своето присуство во Финска. Русија претходно предупреди дека ќе ги зајакне силите во близина на Финска доколку НАТО испрати дополнителни војници или опрема.

Поранешниот американски претсдател Донал Трамп денеска треба да се појави пред судот во Њујорк.

Американските медиуму пишуваат дека Трамп најпрво ќе пристигне во судот на Менхетен, каде што ќе му земат отпечатоци и ќе го сликаат. Инспекторите потоа ќе ја пополнат документацијата за апсење.

По приведувањето, поранешниот американски претседател ќе се појави пред судијата кој ќе му ги прочита обвиненијата против него и ќе побара од него да ја признае вината. 

Тој се најде под истрага поради исплатата од 130.000 долари на актерката за филмови за возрасни Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.  Вакви спогодби не се незаконски, но обвинителството на Менхетн истражуваше дали имало фалсификување на деловни извештаи во врска со исплатата. Трамп е единствениот претседател во историјата на САД обвинет за кривично дело.