Србија нема да гради ѕид кон Македонија
Власта во Србија, опозицијата и претставниците на невладиниот сектор едногласно ја отфрлија идејата на Ненад Поповиќ за кревање ѕид на границата со Македонија.
Со изградбата на ѕидот, смета лидерот на Српската народна партија, Србија ќе го спречи неконтролираниот прилив на мигранти од Блискиот исток и од северна Африка. Поповиќ, исто така, предлага рокот за донесување одлука за азил да се скрати на 48 часа.
Министерот Александар Вулин за „Блиц“ изјави дека ваквиот предлог не е нов, но и дека „ѕидот до сега не ги заштити Унгарија и Бугарија, како што тоа не го стори ниту контролата на морето кон Грција и Италија.
- Србија од ЕУ бара да ја формулира својата политика и зависно од неа ќе заземеме став во согласност со своите интереси. Покрај тоа, Србија не е цел на мигрантите и ние засега немаме проблем со бројот на луѓе кои сакаат азил, па со самото тоа ниту со прописите што го регулираат добивањето азил, вели Вулин
Шефот на пратеничката група на СНС во српскиот Парламент, Зоран Бабиќ, за „Блиц“ изјави дека Србија сака Европа без граници и дека политиката на Владата на Србија е „ во изградбата на мостови и спони, а не на ѕидови“.
Шефот на пратеничката група на ДС, Борислав Стефановиќ, смета дека предлогот на СНП е мотивиран „од опасни десничарски идеи“, како и дека проблемот со мигрантите е многу посложен од кревањето ограда.
Директорот на „Група 484“, Владимир Петронијевиќ, исто така, истакнува дека ѕидовите „никогаш нема да ја запрат миграцијата“, а предупредува и дека идејата е спорна од меѓународноправен аспект.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители