Бизнис
6. March 2018 - 16:21

Србија најавува контрамерки за Македонија

Утре последна шанса да се реши спорот со увозот на српско брашно во земјава. Српскиот министер за трговија  доаѓа во Скопје да се сретне со  колегата Николовски, потврдуваат од кабинетот на Љаиќ.. Тој во интервју за Танјуг изјави дека Србија веднаш ќе стартува со контрамерки кон Македонија ако утре не се постигне договор.. Тоа ќе биде крај за понатамошни  преговори.

Николовски пак не ги коментира најавените контрамерки. Вели дека разговорите продолжуваат и останува на ставот дека Правилникот мора да се почитува. Информира дека од македонска страна се направени мали отстапки.

Маркици ќе се ставаат само на брашното од 25 и 50 килограми.

Николовски уверува дека спорот нема да предизвика недостиг од брашно како и зголемена цена на лебот .

Македонија од северниот сосед увезува над 40 000 тони брашно. Потребите на домашниот пазар се околу 100 000 тони.