Србија: Математичари тврдат дека 97,1 отсто е веројатноста Лото извлекувањето да е наместено
Државната лотарија на Србија и понатаму се обидува да убеди милион граѓани на државата кои во вторникот гледале извлекување броеви за таа игра на среќа дека тоа е „случајност“ што петтиот број по ред прво се појави на екраните, а половина минута подоцна беше извлечен.
За математичарите работата е јасна - веројатноста Лотарија да ја зборува вистината е 2,9 отсто додека 97,1 отсто е веројатноста дека Лотарија на Србија не кажува вистина.
- Во спорниот момент во тркалото останаа 35 топчиња. Под претпоставка дека претходните броеви се извлечени правилно, веројатноста по најавата да биде извлечен бројот токму 21 е 2,87 отсто. Тоа е математика, а што навистина се случувало знаат само луѓето во Лотарија на Србија, вели за Блиц, Миљан Кнежевиќ доцент доктор по математика.
И покрај очигледниот скандал пред милионски аудиториум во државната лотарија на Србија тврдат дека се било регуларно. Директорот на Лотарија на Србија веќе поднесе оставка поради скандалот, а полицијата ќе го испитува случајот.
За „теоретичарите на заговори“ причина за тој скандал е во хрватскиот софтвер што го користат во Лотарија на Србија. Поранешниот претседател на Собранието на Лотарија, Владимир Ѓукановиќ вели дека софтверот е купен од хрватската фирма Нирвана, објави Блиц. зш/08:35
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение