Србија има светски рекордер во пијанство
По новогодишната ноќ на клиника во Белград е донесен корпулентем маж, кој бил во кома. Му биле измерени 14,7 промили алкохол во крвта, откриваат белградските медиуми.
Станува збор за инженер од Белград (43), кој, за чудо, успеал да преживее со толку многу алкохол во крвта. Животот му го спасиле лекарите, а кога се разбудил утрината, признал дека испил дури четири литри виски и тоа бидејќи се расправал со сопругата, пренесува „Телеграф“.
Според зборовите на лекарите, овој светски рекордер во пијанство, е многу корулентен чове – висок околу два метри и тежок повеќе од 150 килограми, па болничарите едвај успеале да го стават во носилка.
Лекарите објаснуваат дека кај најтешките пијанства некогаш се потребни и недели за организмот да го преработи сиот алкохол.
– За еден час, организмот на просечниот човек преработува околу 0,02 промили, што значи дека за еден промил алкохол во крвта му се потребни дури 50 часа. Замислите колку треба кај овие екстремни случаи. Некогаш се потребни и недели за организамот да се избори со сиот тој алкохол – објаснуваат лекарите.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами