Србија и Македонија ќе градат заеднички железнички премин, инвестицијата 4,5 милиони евра
Намалување на времето на патување со воз, подобра соработка меѓу царината, граничната полиција, фитосанитарната, ветеринарната и радиолошката инспекција на Македонија и на Србија предвидува проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу двете земји на граничниот премин Табановце што денеска беше презентиран во ЕУ-Инфоцентарот.
Во проектот се предвидува изградба на објект од околу 2.400 метри квадратни во вредност од околу 4,5 милиони евра, во кој ќе бидат сместени вработените на граничната полиција, на царинските управи, инспекциските служби, како и државните железнички компании од Македонија и Србија.
- Целокупниот граничен систем, вклучувајќи ги и инспекциските контроли, ќе функционираат заеднички во тој објект со што ќе се овозможи побрз и поефикасен транспорт на стока и патници, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на презентацијата на проектот и најави дека со тоа патничкиот железнички сообраќај ќе се забрза за еден час, а транспортниот за два часа.
Со проектот, како што посочи, се предвидува изградба и на нов пристапен пат до железничкиот премин, како и нова пречистителна станица за да се подобри снабдувањето со вода и електрична енергија.
Министерот за транспорт нагласи дека Владата до крај на годинава ќе аплицира за грант преку инструментот на инвестициска рамка на Западен Балкан на ЕУ и додаде дека веќе е добиена поддршка за обезбедување средства за инвестицијата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
- Во завршна фаза е изработката на тендерската документација за изградба, а набрзо ќе биде објавен и јавниот повик. Се надевам ако работите се одвиваат согласно договорената динамика изградбата да започне во 2020 година, а за четири години проектот да биде целосно завршен, рече Сугарески.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар нагласи дека станува збор за пилот-проект за Западен Балкан со кој, како што кажа, ќе се забрза транспортот на патници и стоки и ќе се покаже дека регионот е значаен за ЕУ.
Ново на Сител
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
-

Сопругата го намамила а сопругот го убил со 9 убоди од нож, расветлено убиството на докторот Ацо Трповски
-

Николоски: Задоволен сум од динамиката за меѓудржавниот пат од Тетово до Призрен, наскоро и автопат од Букојчани до Кичево
-

Два случаи на семејно насилство во Штип
-

Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата
-

Мисајловски: Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - пример за регионална одбранбена соработка врз споделени вредности
-

Мицкоски: Имаме убедливо најниска цена на горивото, остануваме посветени на таа политика
