Србија и БиХ отвораат заедничко трговско-туристичко претставништво во Истанбул
Во Истанбул денеска ќе биде отворено заедничко трговско-туристичко претставништво на Србија и Босна и Херцеговина, соопшти српскиот вицепремиер и министер за трговија Расим Љајиќ по средбата на Трилатералниот трговски комитет на Србија, Босна и Херцеговина и Турција во Истанбул.
Како што јави Танјуг, Љајиќ појасни дека тоа ќе биде место каде што двете земји ќе можат да го претставуваат стопанскиот и туристички потенцијал на Србија и Босна и Херцеговина со цел зголемување на нивната размена со Турција.
Љајиќ дополни и дека имал средба со турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи и со босанскиот министер за надворешна трговија Мирко Шаровиќ, на која е договорен иден проект за инфраструктурно поврзување на Србија и БиХ, што би бил поддржан и од Турција.
Тројцата министри ќе присуствуваат на трилатерален бизнис форум.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност