Србија го враќа амбасадорот од Полска поради писмо на подршка на ЛГБТ зедницата
Амбасадорот на Србија во Полска, Никола Зуровац, сменет е денес на седницата на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Никола Селаковиќ изјави денеска дека причината за отповикувањето на српскиот амбасадор во Полска не била во содржината на писмото што го потпишал, туку во тоа што тој не го известил министерот за постапката, кому му одговара за неговата работа.
-Амбасадорот нема никого известено за тоа. Не зборуваме за темата на писмото и неговата содржина. За да се избегнат сите инсинуации, не станува збор за содржината на писмото, туку за пропуст на српскиот амбасадор да пристапи кон нешто за што не го известува оној кому му одговара за својата работа, изјави Селаковиќ и додаде дека што и да Зуровац има потпишано без да праша, може да наруши некои односи и тоа е проблемот, изјави Селаковиќ.
Од друга страна, поранешниот српски амбасадор во Белорусија и експерт за меѓународни односи и надворешна политика Сречко Ѓукиќ изјави за Нова.рс дека одлуката на Селаковиќ итно да го повлече амбасадорот Никола Зуровац од Варшава, само затоа што има потпишано писмо за поддршка на полската ЛГБТ заедница, е додворување на полската клерикална влада.
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
