-->
-->
Србија би можела да биде членка на ЕУ до 2025 година, тврди српската министерка за евроинтеграции
-->

Министерката за европски интеграции на Србија, Тања Мишчевиќ, денеска во интервју за Глас на Америка изјави дека Србија би можела да ги исполни критериумите за членство во Европската унија до 2025 година.
„Тоа значи дека најголемиот број системски закони треба да бидат целосно усогласени до таа година. Дека сите системски стандарди треба да се воведат во домашното право и во судството. Факт е дека ЕУ се менува од ден на ден и опсегот со кој ние мора во моментот на членство за да се договориме“, рече Тања Мишчевиќ, која беше во тридневна посета на Вашингтон.
Во САД, таа разговараше со заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, членовите на Претставничкиот дом Томас Кин и Роберт Адерхолт и учествуваше на настани организирани од невладиниот Атлантски совет.
Српската министерка рече дека важна тема на нејзините средби била потребата од континуиран стратешки дијалог меѓу Србија и САД, бидејќи двете земји имаат многу повеќе теми за разговор отколку дијалогот меѓу Косово и Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
