Србија бара објаснување од Атина за изјавите на Коѕијас во Приштина

Србија побара официјално објаснување од Атина за изјавата на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас при посетата на Приштина, дека Атина ќе го поддржува зачленувањето на Косово во меѓународните организации, јави Танјуг.
- Упативме барање до грчкото Министерство за надворешни работи за разјанување на ставовите на нивниот министер Никос Коѕијас. Очекувам дека и покрај големите притисоци што ги трпи, Грција нема да го промени ставот за непризнавање на еднострано прогласената независност (на Косово), изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Тој нагласи дека промената на ставот на Атина во однос на Косово „не би била во согласност ниту со меѓународното право, ниту со пријателските односи“ меѓу Србија и Грција.
Коѕијас при вчерашната посета на Приштина изјави дека Атина ќе го поддржи зачленувањето на Косово во меѓународните организации, вклучително „и оние од сферата на безбедноста“, додавајќи дека тоа би придонело за поголема стабилност на регионот.
Според приштинските медиуми, како што јави Фена, Коѕијас сепак дал „неодреден одговор“ на новинарско прашање дали Грција ќе ја признае независноста на Косово, најавувајќи само дека Атина ќе отвори „канцеларија за соработка во Приштина“.
Во врска со барањето на Србија за објаснување на изјавите на Коѕијас, грчката амбасада во Белград соопшти дека неговите изјави дадени во Приштија биле „јасни“.
- Грција не ја признава еднострано прогласената независност на Косово и грчкиот став по тоа прашање останува непорменет, се наведува во соопштението на Амбасадата.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
