Србија анкета: Животниот стандард и невработеноста најголеми проблеми
Животниот стандард и невработеноста се најголемите проблеми со кои се соочува Србија во моментот, според најновото истражување спроведено заедно од „Блиц“ и „Фактор плус“.
Тоа е став на 84 отсто од граѓаните, додека 68 отсто сметаат дека најголем проблем е криминалот и корупцијата, 30 отсто дека е косовското прашање и состојбата на судството, 28 отсто состојбата во здравството и емиграцијата, а 24 отсто -белата чума, состојбата во образованието и заштитата на животната средина.
Истражувањето исто така покажа дека 56 проценти од граѓаните веруваат дека Белград и Приштина нема да потпишат договор, а дури 40 проценти сметаат дека „замрзнатиот конфликт“ е најдобро решение во моментот.
Кога станува збор за европската перспектива, 36 проценти од граѓаните сметаат дека Србија никогаш нема да влезе во ЕУ, 30 проценти велат дека ќе влезе после 2030 година, а два проценти во 2025 година, при што 38 отсто од граѓаните велат дека Србија не треба да влегува во Унијата, додека 35 проценти рекле дека треба.
Кога станува збор за економските реформи, 36 отсто од граѓаните изјавиле дека ги чувствуваат ефектите од реформите, 24 отсто чувствуваат малку, а 11 отсто чувствуваат целосни ефекти.
Рускиот претседател Владимир Путин има најголема доверба од светските лидери – 54 проценти, а потоа следува кинескиот претседател Си Џинпинг – 32 проценти, Доналд Трамп – 24 проценти, Ангела Меркел – 18 и Борис Џонсон – 10 проценти.
Ново на Сител
-
Приведен жител на Чегране баран со потерница
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
Приведен дилер во Скопје
-
ЦУК: Вкупно 1.568 повици на 112, 61.29 отсто од нив категоризирани како реални
-
Ден на Македонската револуционерна борба , 23 Октомври, неработен за сите граѓани
-
Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател
-
Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година
-
Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет