Србија: 46 годишна жена го убила својот маж на спиење, го исекла на парчиња па го сварила во лонец
Ужасно злосторство се случи во Зрењанин, Србија, вчера, кага Тереза П. (46) го усмрти нејзиниот 42-годишен сопруг Срѓан П, по што е уапсена.
Како што јавуваат српските медиуми, таа најпрво го избодела својот сопруг, потоа го исекла на парчиња со моторна пила, за на крај да го свари во огромен лонец.
Според соседите, насилството во таа куќа има историја, па така велат за „Вечерње новости“, често знаела во водата да му стави седативи за да не може тој да се брани, иако таа била значително пониска од него.
Додека се случувало грозоморното убиство, во куќата биле и нивните син и ќерка.
Ова убиство го потресе населението од околината, а сведочат дека и Срѓан и тереза имале психички проблеми и дека ова не е прв инцидент во таа куќа, и дека Тереза неодамна го запалила креветот во кој спиел Срѓан.
Ново на Сител
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот
-
Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
-
Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната