Балкан
12. November 2021 - 15:46

Србија: 3822 новозаразени и 67 починати пациенти

Коронавирусот во Србија во последните 24 часа е потврден кај 3.822 лица, а истовремено како последица на овој вирус починале 67 пациенти. Тестирани се 16.294 лица.

На респиратор се приклучени 276 пациенти. Од почетокот на епидемијата тестирани се 6.542.905, позитивни биле 1.204.902 а починале 10.722 лица.