Спречени неколку илегални обиди за преминување на државната граница
На 19.06.2020 во 11:30 часот во атар на с.Лојане, кумановско на гранична линија помеѓу Р Србија кон Р Македонија, полициски службеници од Полициска станица Сопот ги привеле Е.С.(59) од Р Србија и И.И.(53) од с.Лојане бидејќи илегално ја поминувале државната граница.
Заради сторен прекршок по чл.68 ст.1 од Законот за гранична контрола, лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово и Полициска станица Табановце за понатамошна постапка.
На 19.06.2020 во 19,50 часот кај место викано „Дупки“ на Граничен премин „Долно Блаце“ полициски службеници го привеле С.К.(19) од Р Косово бидејќи илегално ја преминувал државната граница.
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија Скопје за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
