Спречен шверц на 3.500 аквариумски риби и 600 желки

Царинските службеници спречија два обида за шверц на аквариумски риби, желки и храна.
Во првиот случај, на 7-ми овој месец мобилните царински тимови во возило со македонски регистарски ознаки пронајдоа и привремено задржаа 3.300 парчиња аквариумски риби, 600 парчиња желки, 200 парчиња растенија за аквариум и 10 килограми храна за желки.
При контрола на патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно влегло во државата од Бугарија преку граничниот премин Ново Село, извршена околу 18 на влез во Скопје, во багажниот простор, зад возачкото и пред совозачкото седиште пронајдени се 3.300 аквариумски риби (2000 рипка (неонка), 100 риби чистач, 350 риби караси, 150 риби велифери, 200 риби циклиди и 500 риби бојник), 600 мали желки и 10 килограми храна за желки.
Поради специфичноста, рибите и желките веднаш се предадени во Зоолошката градина во Скопје, а против пријавеното лице е поведена прекршочна постапка.
Во вториот случај, нешто пред 19 часот на граничниот премин Свети Наум на излез од Република Македонија се пријавиле двајца албански граѓани со патничко моторно возило со албански регистарски таблици. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријават за царинска контрола, патниците одговориле негативно. Царинскиот службеник се посомневал во изјавата на патниците и извршил детална контрола на возилото, при што во багажниот простор и во делот зад возачкото и совозачкото седиште пронашол 235 аквариумски риби од видовите Скалар, Губи, Чистачи, Циклит, Карас и Ајкула во 13 најлонски ќеси. Сопатникот во возилото со иницијали Т.Б. (54) изјавил дека тој е сопственик на рибите.
Рибите се привремено задржани и сместени во соодветни услови, а против сторителот Царинската управа покрена соодветна постапка.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
