Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

На граничниот премин Меџитлија во патничко возило „Мерцедес“ со македонски таблички пронајдена е поголема количина на хемиски средства за прскање на растенија со вкупна вредност од 16.058,00 евра.
Како што соопшти Царинската управа, биле пронајдени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF кои биле скриени во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта.
- Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана, велат од Царинската управа.
Во возилото патувало семејство кое, како што изјавило, се враќало од одмор од Турција преку Грција.
Стоката е задржана, возилото е одземено, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги за понатамошно постапување.
МИА
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
