Спречен обид за државен удар во Судан, соопшти Воениот совет

Владеачкиот Воен совет на Судан соопшти дека е спречен обид за државен удар во земјата.
Американските медиуми наведуваат дека инцидентот се случил само неколку дена откако војската и продемократската коалиција се договориле за заеднички совет што ќе ја има власта во земјата до оддржување на новите избори.
Генерал-полковник Гамал Омар, еден од членовите на Воениот совет, изјави дека се уапсени 16 активни и пензионирани воени офицери.
Според него, силите за безбедност во моментов трагаат по лидерот на групата што се обиде да го изведе државниот удар, како и по други инволвирани лица.
Името на лидерот на оваа група засега не се наведува.
Воениот совет и продемократската коалиција минатата недела постигнаа спогодба за заеднички совет што ќе биде на власт околу три години, додека не се организираат следните избори во земјата.
Судан се наоѓа во политички ќорсокак, анализираат западните агенции. Повеќедеценискиот претседател на земјата Омар ал-Башар со пуч беше симнат од власта во април годинава.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
