Спречен нелегален внес во државава на опрема за детектирање на метал, воени шлемови, кубури и други антиквитети
Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин.
Како што информираат од Царинската управа, во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три стандардни и еден мал детектор за метал, двоглед, седум војнички шлемови, мини стругалка, два стари револвери - кубури, една аукциска книга, лупа, мини дрон, како и препарирана глава од алигатор.
-Контролата на возилото е извршена поради основано сомневање во исказот на патникот, кој на прашање на царински службеници одговорил дека нема ништо за пријавување. Лицето и неговата сопруга патувале во две посебни возила и според нивните искази планирале подолго да се задржат во нашата држава. Стоката е привремено задржана, со што е спречена можноста за нејзина употреба и вршење нелегални активности на територија на Република Северна Македонија. Против лицето е поднесена пријава за сторен царински прекршок, соопшти Царинската управа.
Ново на Сител
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Мицкоски: Изненаден сум од Главчев дека ќе нема промена на позициите
-
ЗНАМ го достави текстот на Платформата за национално обединување до ВМРО-ДПМНЕ
-
Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата, рекоа вработени во Улици и патишта
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?
-
Кривична пријава за полицаецот кој го пропуштил Груби на граница