Спречен меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра
Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за гранични работи Запад при БЈБ, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, на 31.07.2021 во вечерните часови, на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина не месноста Сатеска кај Струга, на брегот на езерото, лишија од слобода две лица, во чија непосредна близина се пронајдени четири торби со марихуана во вкупна тежина од околу 80 килограми, во вредност од околу 250.000 евра, соопшти МВР.
По извршениот увид на лице место од страна на увидна екипа, пронајдената дрога е подигната за вештачење, а по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори