Спречен масакар: На џихадистот не му експлодира бомбата, ама го дофати толпата и полицијата
Бројните верници кои беа собрани на миса во градот Медан само со чудо преживеаја откако 18-годишен џихадист упадна во олтарот со самоубиствен елек. За среќа не дојде до експлозија и масакрот беше спречен.
Свештеникот во главниот град на покраината Северна Суматра служел миса кога до олтарот дотрчало 18-годишното момче и на сите им станало јасно дека носи бомбашко елече. Меѓутоа кога сакал да го активира експлозивот, системот откажал и сите во црквата можеле да здивнат.
Откако видел дека нема масакр, џихадистот извадил секира и го нападнал свештеникот. За среќа и тој напад не го извел до крај, па свештеникот имал само полесна повреда на левата рака.
Двата неуспешни обиди им дадоа време на собраните верници да го фатат и задржат џихадистот додека да дојде полиција.
-Глумеше дека е верник и влезе во црквата. Имаше некој експлозив сличен на петарди, но за среќа таа „петарда“ само изгоре, велат од полицијата додавајќи дека момчето со себе имало парче хартија на кое биле напишани симболите на т.н. исламска држава.
Снимката на локалната телевизија исто така покажува дека 18-годишниот терорист не си поминал најдобро во друштвото на мештаните и полицијата. Лицето ми е целото изобличено и крваво.
Ново на Сител
-
Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на ниво од пред зголемувањето, вели Мицкоски
-
Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин
-
Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки
-
Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите
-
Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола
-
Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно
-
Прв случај на мпокс потврден во Косово
-
Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии