Ал Келаифи: Не е точно дека не сме му честитале на Меси за мундијалскиот трофеј
Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи одговори на изјавата на екс-напаѓачот на клубот Лионел Меси, кој се пожали дека парижаните не му честитале на освоеното Светското првенство.
На 21 септември Меси изјави дека тој е единствениот играч на аргентинската репрезентација на кој клубот не му честитал за освојувањето на Мундијалот. Во финалето на Светското првенство 2022, Аргентинците го победија францускиот тим (3:3, пенали 4:2).
– Сите видоа, бидејќи објавивме дури и видео, дека Меси доби честитки од нас не еден тренинг. И приватно му честитавме. Но, што се однесува до почитта, ние сме француски клуб. Секако, би било многу трогателно да славиме на нашиот стадион. Мора да ја почитуваме земјата што ја победи, неговите колеги француски играчи, како и нашите навивачи, рече Ал-Келаифи, цитиран од „RMC Sport“.
Меси летово по завршувањето на договорот со ПСЖ се пресели во Интер Мајами во американската МЛС-лига.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа