Спортската сала во Драслајца во функција од септември
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изврши увид на градежните активности за изградба на спортската сала во склоп на основното училиште „Свети Климент Охридски“ во струшкото село Драслајца.
Салата е со површина од 650 метри квадратни, а со дополнителните простории објектот ќе биде 950 метри квадратни.
- Станува збор за проект што Министерството за образование и наука го најави лани со кој продолжува изградбата на неколку спортски сали во државата кои беа почнати пред повеќе години или децении. Оваа спортска сала била почната 1983 година, но не била завршена, потавени биле само основите на градбата, истакна Ристовски.
Според информациите од изведувачот, тој очекува спортската сала во Драслајца да биде ставена во употреба со почетокот на новата учебна година.
- Очекувам оваа спортска сала да биде ставена во комплетна употреба за потребите на училиштето и на учениците со почетокот на учебната година. Освен за активности на учениците ќе може да се користи и за рекреативни спортски активности во попладневните часови за населението, изјави Ристовски.
Тој најави дека при крај се активностите за почеток на градба на спортска сала и во струшко Лабуништа.
- Советот на општина Струга донесе одлука за ослободување од комуналии за изградба на спортската сала во Лабуништа и сега со Министерството за тарнспорт и врски и со општина Струга треба да ги завршиме формалностите по што очекувам во најскоро време да се почне со градба, рече Ристовски.
МОН, додаде тој, подеднакво инвестира на целата територија на Република Македонија независно од етничкиот состав на месното население и на учениците.
Ново на Сител
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците