УЕФА: Натпреварот меѓу Белгија и Шведска нема да биде продолжен
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави денеска дека квалификацискиот дуел за ЕУРО2024 меѓу Белгија и Шведска што во понеделникот беше прекинат на полувреме, откако играчите дознаа дека во градот се убиени двајца шведски навивачи, нема да биде продолжен и ќе биде регистриран со резултатот 1-1, кој беше актуелен во моментот на прекин.
Натпреварот меѓу Белгија и Шведска загуби резултатска важност, откако претходно во понеделникот Австрија со 1-0 го совлада Азербејџан и со тоа стана јасно дека првите две места во групата Ф кои обезбедуваат пласман на ЕУРО2024 ќе ги заземат Белгија и Австрија.
По денешната одлука на УЕФА, Белгија е на чело на групата со 17 бодови, пред Австрија со 16, додека Шведска е третопласирана со седум бодови и натпревар помалку.
„Двете национални федерации, земајќи ги предвид околностите, децидно бараа натпреварот да не биде доигран и резултатот од полувремето се смета за конечен“, објави УЕФА.
Ново на Сител
-

Европратеници бараат итна реакција на ЕК поради влошувањето на ситуацијата во Србија и колапсот на владеењето на правото
-

Автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред за празниците
-

Два случаи на семејно насилство евидентирани во еден ден во Куманово
-

Мицкоски: Проектот во Враништа го разбива стереотипот дека политичарите мислат само на себе, а не и на граѓаните
-

Од утре стартува новиот систем за влез и излез во ЕУ, подгответе се за подолги задржувања на границите
-

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост
-

Наградени првенци на МНТ Тони Михајловски и Тања Кочовска на два фестивали
-

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците
