Поради допинг: Гомез е суспендиран на две години

Светскиот првск од Катар со аргентинската репрезентација, Алехандро Папу Гомез е суспендиран на две години поради позитивен допинг тест, кој е предизвикан од употреба на детски сируп.
Информацијата прв ја објави шпанскиот „Релево“, кој дознава дека играчот од средниот ред паднал на допинг тест додека бил играч на Севилја, во ноември минатата година.
Алехандро тврди дека свесно не внесувал забранети супстанци, туку дека позитивниот резултат го предизвикал тоа што неколку дена пред тестот по грешка конзумирал сируп за кашлица наменет за деца.
Гомез за Аргентина играше 17 пати, а беше дел од тимот кој го освои трофејот наменет за победникот на Светското првенство минатата зима во Катар.
35. годишниот фудбалер од неодамна е член на Монца, а освен за Севилја настапуваше и за Арсенал Саранди, Сан Лоренцо, Катанија, Металист и Аталанта.
Во текот на кариерата одигра 654 натпревари, со учинок од 118 голови и исто толку асистенции.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
