-->
-->
Македонските фудбалерки против Бугарија на премиерата во Лигата на нации
-->
Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје против селекцијата на Бугарија ќе го одигра премиерниот натпревар во новоформираната Лига на нации на УЕФА.
Натпреварот, што е на програмата попладнево од 15 часот на ФФМ Комплексот „Петар Милошевски“ е во рамки на групата 5 во Ц – дивизијата во која третиот претставник е Косово.
Македонските фудбалерки трет пат во историјата ќе играат против Бугарија.
Воедно ова ќе биде прв меѓусебен официјален натпревар по двата пријателски дуели во кои двете репрезентации забележаа по една победа.
Македонските фудбалерки триумфираа 3-2 во 2011 година, а претрпеа пораз од 1-2 во февруари годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица