Македонија поразена од Украина
Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од Украина, но не се посрамоти, напротив. На натпреварот од 7.коло на „Ц“ групата одигран во Прага, Украинците славеа победа со 2-0 против Македонија.
Мечот го одбележаа двајцата голмани кои имаат повеќе фантастични интервенции, па затоа мечот заврши само со два гола, за жал во мрежата на Димитриевски.
Први се заканија токму тие во 12-тата и 16-тата минута, но Столе Димитриевски беше на два пати добро интервенираше.
Првата закана напите фудбалери ја упатија преку Бојан Миовски во 21.минута по убавото проигрување на Барди во празно
Украинците во 30-тата минута ја казни збунетоста на нашата потесна одбрана. По ударот на Судаков топката го зафати Серафимов и го измами Димитриевски за водство на противникот од 1-0.
Во 35-тата и 36-тата минута две големи шанси за напите фудбалери. Но, обидите на Миовски и Ашковски украинскиот голман ги одбрани.
И во вториот дел украинскиот голман беше нерешлива енигма за напите фудбалери.
Во 52-минута Чурлинов изби сам пред него, но Трубин повторно ја спаси својата мрежа и не дозволи израмнување.
Во 58-минута на спротивната страна своите квалитети ги истакна и нашиот голман Димитриевски кој го одбрани ударот на Мудрик кој излезе сам пред Столе. Само две минути подоцна многу среќа за нашата репрезентација. Матвиленко ја погоди гредата од голот на Димитриевски.
Столе беше јунак и во 82-та и 86-тата минута, кога по волејот на Судаков ја одби топката, која од пречката заврши во корнер за Украина, а потоа го одбрабни и ударот на Јаремчук.
Но, она што го одбрани во текот на целиот меч, пропадна во вода по голот кој во прими во петата минута во судискиот дополнение. По мудар од него беше Караваев.
Во вторник Македонија во Струмица ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Ерменија.
Следен предизвик во евро-квалификациите за македонските фудбалери ќе биде Италија, против која ќе играме во Рим на 17-ти ноември. Вечерва Азурите ќе играат против Малта.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени