Гвардиола: Родри не заслужува казна од три натпревари, но правилата се правила
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола е свесен дека Родри поради се соочува со суспензија на три натпревари.
„Граѓаните“ викендот го победија Нотингем Форест (2:0) во 6. коло од Премиер лигата. Играчот од средниот ред на Сити го фати за гуша играчот од средниот ред Морган Гибс-Вајт и доби црвен картон. Поради овој инцидент, според правилата најверојатно ќе биде суспендиран на три натпревари.
Доколку се донесе таква одлука, Родри нема да игра против Њукасл, Вулверхемптон и Арсенал.
Гвардиола поради повреди не може да смета ниту на Кевин Де Брујне, Бернардо Силва, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш.
- Треба да разговарам со клубот, но имам намера да влијаам околу евентуална жалба. Според мене, потегот на Родри не е за казна од три натпревари, но правилата се правила. Родри треба да извлече поука од ова. Се надевам дека ова нема да се повтори, изјави тренерот на Манчестер Сити.
На 27 септември Манчестер Сити ќе игра против Њукасл во англискиот Лига куп. Во следните кола од Премиер лигата, Граѓаните ќе се сретнат со Вулверхемптон и Арсенал.
Ново на Сител
-
Харис веќе ја обезбеди поддршката од потребниот број делегати за да стане кандидат на Демократската партија за претседател
-
Шест години од катастрофалните пожарите во близина на Атина со над 100 жртви, судскиот процес во тек
-
Министерката Јаневска на работен состанок со претседателот на Стопанската комора, Азески
-
Републиканците побараа оставка од Бајден по неговото излегување од изборната трка
-
Зголемен интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце
-
Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Кривична за внуците на Ахмети
-
На отпуст од 30 дена денеска пуштени 5 осуденици за „27 април“ од штипскиот затвор