Според Министерството за правда на САД направени се напори за „попречување“ на истрагата за документите на Доналд Трамп
Документите во имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида „најверојатно биле скриени“ за да се спречи истрагата на ФБИ за неговата потенцијална злоупотреба на доверливи материјали, соопшти денеска американското Министерство за правда.
Судскиот поднесок е досега најдеталниот извештај за причините за овомесечната рација на ФБИ на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго, поттикната од прегледот на записите што тој претходно им ги предал на властите кои содржеле високо доверливи информации. Пред рацијата, ФБИ откри „повеќе докази“ кои покажуваат дека „класифицираните документи“ останале во Мар-а-Лаго, се вели во документот. „Владата, исто така, доби докази дека записите најверојатно биле скриени и отстранети и дека најверојатно биле направени напори да се попречи истрагата“, се додава во поднесокот.
Министерството соопшти дека објавило детални информации за подготовките за рацијата „за да се корегира нецелосниот и неточен наратив“ претставен од поранешниот претседател. Одговорот на Министерството доаѓа по минатонеделното барање на Трамп за независна страна да ги прегледа документите запленети за време на рацијата.
Тоа беше отфрлено бидејќи „тие документи не му припаѓаат на Трамп“, нагласуваат од Министерството. „Назначувањето на специјален надзорник е непотребно и значително ќе им наштети на важните владини интереси, вклучително и интересите на националната безбедност“, се додава во документот.
Ново на Сител
-
Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Општина Кочани
-
Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени
-
Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, советничка од Кочани си поднесе оставка
-
Хамас подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за завршување на војната во Појасот Газа
-
Во сообраќајка кај скопската обиколница повредени три лица, меѓу нив и дете
-
Таравари: Има терапија што може да ги замени лековите што недостасуваат на Онкологија
-
Тетовчанец не застанал на полициски „Стоп“ знак и со вратата од возилото удрил полицаец
-
Тестовите се готови: Останатите лами во зоолошката градина немаат туберкулоза