Спогодба меѓу Владата на Колумбија и ФАРК за деескалација на судирот

Колумбиската Влада постигна денеска историска спогодба со левичарските герилци ФАРК (Револуционерните вооружени сили на Колумбија) за деескалација на повеќегодишниот вооружен судир, соопштија допломатите во Хавана.
Ова претставува важен чекор во мировните преговори меѓу двете страни, кои почнаа во ноемри 2012 година, но се отежнати изминатите месеци поради пораст на насилството.
- Националната Влада на 20 јули ќе покрене процес за деескалација на воените акции, како одговор на прекин на офанзивните акции на ФАРК, се наведува во заедничкото соопштение на кубанските и норвешките дипломато, кои посредуваат во разговорите.
ФАРК на 8 јули потврди дека ќе го почитува едномесечниот едностран прекин на огнот. Куба и Норвешка дејствуваат како земји кои гарантираат во мировните преговори, додека Чиле и Венецуела се придружни држави во процесот.
Колумбиските граѓански судири траат од 1964 година, а во нив учествуваат левичарската герила, десничарските паравоени сили и нарко бандите. Убиени се повеќе од 220 илјади луѓе.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
