СПМ: Власта на СДС и ДУИ не се грижи за можностите на граѓаните и врши нивно натамошно осиромашување
Социјалистичката партија на Македонијa оценува дека со слободното формирање на маржите на основните прехранбенин производи почнува незапирливиот раст на цените на производи битни за секојдневна исхрана на граѓаните.
Власта на СДС и ДУИ не се грижи за можностите на граѓаните и врши нивно натамошно осиромашување. Платите и пензиите не растат туку реално се намалуваат заради растот на цените и високата инфлација што Владата не знае како да ја намали.
Промените на цените на енергенсите, а особено зголемувањето на данокот на додадена вредност на електирчната енергија, директно го оптоваруваат буџетот на граѓаните. Предизборното лажно ветување за ефтина тарифа на струјата ќе биде за некој следен месец или година.
Зафаќањата од џебот на граѓаните што го прават СДС и ДУИ заедно со инфлацијата и растот на каматите на кредитите ја потврдуваат неуспешната економска политика на власта, која немоќно ги лаже граѓаните дека е се во ред.
Пормените на цените и паѓањето на стандардот на граѓаните раководната политичка елита не го чувствува заради растот на нивните плати од 78% што ги амортизира ценовните шокови.
СПМ укажува дека отуѓената и октроирана влада на најнеспособниот премиер Ковачевски не го чувствува огромното незадоволство на граѓаните.
Граѓаните како и опозицијата бараат власта да си оди и да се организираат итни избори за да запре агонијата на владење, осиромашувањето и корупцијата на постојната власт на СДС и ДУИ.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите