СПМ: Успешната политика со цените на производите и заштита на стандардот на граѓаните се провидни лаги
Социјалистичката партија на Македонија смета дека неодмерените фалби на СДС и ДУИ со успешната политика со цените на производите и заштита на стандардот на граѓаните се провидни лаги и приказни во кои никој не верува.
Без чувство за сиромаштијата и бедата која навлезе во најголемиот број семејства власта безочно лаже дека сега сите производи се достапни по пониски цени.
Мерките за „гарантирани цени“ заедно со „намалување на увозни давачки“ за одделни производи се неефикасни, непазарни и краткотрајни потези без влијание и промени врз живеачката на граѓаните. Напротив овие мерки нанесуваат штета на понудата и побарувачката во пазарен систем и го уништуваат домашното производство на храна.
СДС и ДУИ упорно ги набројуваат стапките на раст на платите без да ги споменат инфлацијата и масовното осиромашување на населението.
Дека нивните политики се неупсешни и не се поддржани се гледа преку силно изразеното незадоволство кај работниците, земјоделците, пензионерите, студентите и сите кои со протести и со гнев бараат смена на оваа власт.
Историски најнеспособната, најискорумпираната и најнеодговорната власт бесрамно најавува дека ќе ги продолжи политиките за кои граѓаните не се согласуваат и отворено се спротивставуваат.
Лудилото поприма сериозни димензии, власта е целосно дезориентирана и секојдневно ја влошува ионака катастрофалната состојба.
Социјалистичката партија на Македонија изразува загриженост од очигледното економско тонење. Истовремено изразуваме крајно незадоволство од неодговорниот однос на власта со нејзиното одбивање на одржување вонредни избори што дополнително ги забрзува процесите кои не се во прилог на македонската парламентарна демократија и се спротивни на националните и државните интереси.
Социјалистичката партија на Македонија (СПМ)
Ново на Сител
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
-

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
-

Засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти: Издадени 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари
-

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година
-

ДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери
