СПМ: Предвремените избори мора да се одржат на 24 април
Предвремените парламентарни избори мора да се одржат на 24 април и не постои ниту една основа за нивно одложување, оцени денеска Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).
Според СПМ, крајно лицемерен е ставот на СДСМ која раководи со МВР и ДИК, дека не може да се организираат фер и демократски избори.
Социјалистичката партија преку соопштение до медиумите укажува и на, како што наведува, неразумното барање на опозицијата за целосна теренска проверка на Избирачкиот список, како и на несовесното работење на поединечни членови на Дражавната изборна комисија предложени од опозицијата.
- Предупредуваме на нивното саботирање во извршувањето на законски предвидените обврски поврзани со изработка на методологијата и прочистувањето на Избирачкиот список согласно договорените услови за организирање на предвремените парламентарни избори. Доколку овие членови на ДИК не ги извршат своите задачи и понатаму спроведуваат партиски директиви за кочење на процесот, предлагаме Собранието на Република Македонија да преземе чекори за нивно разрешување и избор на нови членови кои чесно и со професионален интегритет ќе ја извршуваат обврската во согласност со законот, наведува СПМ.
Сите членови на ДИК, додава партијата, се предлог и договор на политичките партии, изгласани во Собранието на Република Македонија. Со тој чин, тие прифатиле да ги извршат сите задачи дадени со законот и да ги подготват изборите за законски утврдениот датум. Веднаш по нивниот избор, наместо опструирање, тие имаа време да почнат со работа како независна институција.
Социјалистичката партија нагласува дека Изборите се најважниот дел на секоја демократија на кои граѓаните, како водечки елемент во демократските процеси, ги избираат своите претставници и ниту една партија, организација или институција не може да им го попречи тоа право.
- Додека сите меѓународни институции се подготвени за набљудување на претстојните парламентарни избори, секој изговор на опозицијата за неподготвеност на нашите институции е неразумен и неприфатлив, а заканувањето со бојкот на изборите кое поаѓа од тесно партиски и најмногу лични интереси, го сметаме за противдржавен чин, заклучува СПМ.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање