СПМ: Посредување на надворешните фактори е на штета на македонската држава
Социјалистичката партија на Македонија и во оваа прилика го изразува своето незадоволство од текот и начинот на водење на таканаречените преговори за разрешување на наводната политичка состојба во Република Македонија, сопштија од СПМ.
Македонија не смееше да си дозволи, при изграден демократски систем и со развиени институции, со учество на надворешни фактори да се впушти во партиски преговори и пазарања за прашања кои институциите на системот можеа самостојно и успешно да ги разрешат, за што се исклучиво надлежни.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека прифаќањето за посредување на надворешните фактори е на штета на македонската држава, на македонските национални интереси, нејзиниот суверенитет и независност.
Овој начин на посредување значи директно мешање во внатрешните работи на изградениот демократски систем на Република Македонија, со наметнување на решенија од надвор и кои се спротивни на демократските придобивки и им служат на надворешните интереси.
Истовремено, домашните учесници во преговорите се ставени во состојба на присилно и континуирано кршење на највисокиот државен законски акт, Уставот на Република Македонија и нејзините закони, со странското брутално мешање преку издавање наредби во судството, обвинителството и медиумите.
Загрижува фактот што и оваа политичка состојба по текот и начинот на дејствување наликува на ситуации кои претходно во поблиското минато сме ги имале.
Оттаму, уште понесватлива е присвоената концентрација на влијание која партиските и меѓународните претставници ја имаат со вршење на отворен притисок врз Советот на јавните обвинители, Уставниот суд, Собранието на Република Македонија како и врз сите останати државни институции со што се доведени до целосно делегитимирање, како што е и крајно пробламатичен легитимитот на тесната група ткн. партиски преговарачи да зборува и да одлучуваа во името на сите граѓани на Република Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија нагласува дека виталните национални интереси на Македонија и нејзиниот народ под никакви услови не смеат да бидат предмет на партиски и политички интереси и спогодби.
Ниту еден носител на власт, ниту друг партиско политички субјект не може да има мандат за политички решенија за државно правниот статус на Македонија, и за рушење на уставниот поредок на земјата.
Социјалистичката партија на Македонија таквото функционирење на системот го осудува и нема да го прифати.
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?