СПМ: Пендаровски со потпишувањето на законите за Бехтел и Енка потврди дека го претставува ДУИ И СДС
Соцiјалистичката партија на Македонија воопшто не е изненадена од одлуката на Пендаровскi, оценувајќи дека тој не е може и не сака да биде претставник на сите граѓани, ниту македонски државник.
Со потпишување на Указите на 5-те законите за Бехтел и Енка тој потврди дека го претставува ДУИ и СДС како и крупниот капитал, а нема интерес за граѓаните и државата.
Пендаровски е против работниците и е за нивно неограничено експлоатирање. Тој манипулира со прекувремена работа во текстот на законот, иако пресметките покажуваат дека се дозволува не 60 туку 72 часа работничко експлоатирање.
Пендаровски покажа дека не се важни одлуките на Уставниот суд и дека како и власта и тој може да прави што сака. Затоа треба да се покрене постапка за импичмент иако тој веројатно смета дека го штити неговата СДС.
Лично е мотивиран со очекување за нов мандат од СДС и затоа нема друг интерес освен да им овозможи на Ковачевски, Груби и другите од власта да крадат безмилосно.
Пендаровски го поттикнува коруптивното однесување и покажува нетолеранција кон другите. Тој прави поларизација во општеството и сака да се пренасочи интересот на граѓаните кон други прашања, а не кон незаконитото работење и крадење од власта.
Соцојалистичката партија на Македонија укажува дека граѓаните ваквите ликови треба да ги игнорираат и да ги остават да тонат во историски заборав. Изборот на нови некорумпирани личности во власта е единствен спас за излез на државата од кризата која ја создава Пендаровски и актуелната Влада.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје
-
Градежен работник починал од струен удар
-
ЕП: Албанија е единствена земја на Западен Балкан каде сите политички актери се проевропски
-
ЕЦХР изрече две пресуди против Русија поради кршење на меѓународното право во Украина
-
Мизрахи: Од сега, до шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување