СПМ: Носење закони со европско знаменце иако не се повзрани со европското законодавство е спротивно на европскиот курс на земјата
Социјалистичката партија на Македонија и предочува на јавноста на признанието на потпретседателот на Владата Бојан Маричич за злоупотреба на парламентарната процедура за донесување закони кои немаат врска со европското законодавство и со знакот на европско знаменце. При тоа, тој и владата си наоѓаат лажни опрадувања дека сè може да парават, па и на таков криминален начин предлагање закони за кои и Канцеларијата на ЕУ укажува дека е погрешен.
Ковачевски и Маричиќ не се загржени за нелегалните постапки и за негативните оценки кои ги добива државата. Нивниот интерес се криминалните зделки и максимализација на корупцијата, односно профитот што ќе го добијат.
Затоа ги кријат криминалните одредби од договорот за изградба на коридорите 8 и 10д со кои тие си обезбедуваат грабеж од народните пари за постојната власт.
Маричиќ по навика лаже за се и сешто па и за преговорите со Унијата кои не се започнати, понатаму за уставните амандмани за бугаризација на Македонија кои само што не биле оформени, или за сите политики што ги спроведуваат дека се во ред, а вусшност се на штета на државата и граѓаните. Другиот владин потпретседател Артан Груби е посебен случај заедно со неговата партиска криминална камарила, потврдена во изминатиот дваесет годишен период.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека антиреформската и криминална владата на ДУИ и СДС, со начинот на практикување на власта и невидениот криминал и корупција, работи на штета на македонските интереси и спротивно на европскиот курс на Македонија за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ.
Оваа власт ги навредува пратениците, крие од нив факти и криминал и го навредува и потценува народот и неговата интелигенција. За тоа треба да одговараат сите инволвирани од власта која нема капацитет за државнички работи.
Социјалистичката партија на Македонија бара власта и именуваните да понесат одговарност за сите злодела кои и ги прават на Македонија, а народот преку нови избори да избере виситински водачи кои ќе ги движат процесите и работите напред.
ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ
Ново на Сител
-
Силекс лидер во Првата македонска фудбалска лига
-
Одбрано новото раководство на СДСМ: Александар Димитријевиќ нов генерален секретар, избрани потпретседатели
-
Масовна тепачка во скопска кафеана за тоа кој да ја плати сметката
-
Крадец влегол во домот на скопјанец и украл парчиња накит, потоа го нападнал и сопственикот
-
Измамен 54-годишен за 730 илјади денари, му кажале дека има 15.000 долари заглавени во банка
-
Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар – Кичево
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ