СПМ: Неопходни се промени за изградба на независно, ефикасно и професионално судство и обвинителство
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оценките за владеењето на правото само ги потврдуваат негативните состојби во македонскиот правен и политички систем.
Неопходноста од промени во овие сегменти станува итна за да запрат негативните тенденции и нискиот рејтинг што е изграден кај граѓаните во Македонија.
Одредени иницијативи за промени кои се најавувани од претставници на власта се оценувани како недоволни од опозицијата и одредени странски претставници, но не се понудени решенија кои би значеле сериозна промена на овие значајни сегменти на власта.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонскиот полтички систем мора да изгради конзистентни решенија и да го обликува владеењето на правото според европските стандарди и принципи. Барањато да нема промени во постојните институционални решенија всушност е задржување на статус кво што води кон натамошно слабеење на судската власт и дерогирање на целокупниот политички систем во државата.Неопходни се промени за изградба на независно, ефикасно и професионално судство и обвинителство што бараат граѓаните и ЕУ.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека за криминалните активности и корупцијата од досегашното владеење на СДС и ДУИ неопходно е ефикасно обвинителство и независно судство што ќе значат системски промени кои граѓаните и ЕУ ги очекуваат.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија