СПМ: Неминовно одржување на изборите на 24 април

Социјалистичката партија на Македонија смета дека од политички, економски, безбедносни и национални причини неминовно е изборите да се одржат 24 април.
- Состојбите се многу сложени, владее голема неодговорност, без чувство за националното достоинство, патриотизам и љубов кон Татковината. Ова е став на сите органи и тела во Социјалистичката партија на Македонија, велат од СПМ.
Партијата укажува дека во Собранието на Република Македонија е донесен Изборниот законик во кој, како и во Пржинскиот договор, кој, како што наведуваат, е наметнат и го сметаат за непотребен, е дефиниран 24 април како ден за одржување на предвремените парламентарни избори.
- Оттаму, никој друг освен институциите на државата не може да одлучува за одржување на изборите. Став на Социјалистичката партија на Македонија е строго почитување на законите и Уставот, а изборите да се одржат на предвидениот ден, се вели во партиското соопштение.
Според партијата, се исполнети сите услови за нормални одржување на демократски и веродостојни избори.
Од СПМ оценуваат дека исто така странците не треба да се мешаат во внатрешните работи на државата. - Затоа, бараме веднаш да се престане со оваа пракса и оние кои што делуваат надвор од прокламираните норми на однесување веднаш да бидат прогласени за персона нон грата и да бидат протерани од државата, наведува СПМ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
-

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер
-

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – нови снимки од насилството на Стојанче Јовановски
