СПМ: Најостро го осудуваме вчерашниот инцидент кој можеше да одземе човечки живот

Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира на вооружениот напад врз мирната поворка на граѓаните на протестниот марш.
Најостро го осудуваме овој неразумен инцидент кој можеше да одземе човечки живот. Огненото оружје беше вперено кон мирните граѓани и лидерот на македонската опозиција со единствена цел да предизвика меѓуетнички конфликт, што само го потврдува нерационалното и крајно опасното расудување на актуелната власт.
Оружјето најдиректно е вперено од најнеспособниот министер за внатрешни работи, а целта е избрана од најкатастрофалниот министер за надворешни работи, односно од целата делегитимирана Влада.
Ова претставува очаен обид на губитник кој сака да го проддолжи своето владеење по цена на човечки животи и внесување во поширок ризик на сите граѓани на Република Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија бара одговорност од министрите за надворешни работи и за внатрешни работи.
Од првиот како директен иницијатор со заканата со меѓуетнички тензии доколку не се прифати бугарскиот ултиматум за обезличуваење и бугаризација на македонскиот народ и од вториот, заради неодговорното работење, свесното пренебрегнување на сите предупредувачки информации кои самиот ги лиферуваше, а со тоа и виновник за вооружениот инцидент, загрозување на безбедноста на граѓаните и можното лишување на човечки живот.
Заради очигледната инфериорност на целиот владин состав, со несправувањето со сите кризни состојби и отстапувањето од заштитата на македонските национални и државни интереси, срамот, понижувањето и газењето на македонското достоинство со сервилниот и капитулантски однос во преговорите со бугарската страна СПМ бара неотповиклива оставка од нелегитимниот премиер Ковачевски и членовите на Владата.
Социјалистичката партија на Македонија ги советува македонските граѓани да не подлегнуваат на дезинформациите и лажните вести од партиско-владиниот центар за манипулации. Ги повикуваме незадоволните, онеправданите и револтираните граѓани на мирно и уште помасовно присуство на протестите за одбрана на достоинството, народот и на државата.
Не прифаќаме никакви конфронтации по етничка основа, бараме градење на цврсто единство со сите македонски граѓани во борбата против одродената и однародена власт и во борбата за македонските права.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 164 загинати
-

33-годишен велешанец осомничен за силување на 21-годишна Швеѓанка во ноќен клуб во Охрид
-

Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
-

Ендрик нема да го напушти Реал ова лето
-

Девизните резерви во јули зголемени за 74,4 милиони евра
-

Околу 70 илјади домаќинства во Одеса синоќа биле без електрична енергија
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок, полагањето ќе биде во четири градови
-

ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра
