СПМ: На државата и се наметнуваат невидени обврски дури и да не се изгради автопатот
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека премиерот и неговиот прв заменик направиле страшно финансиско предавство на државата Македонија.
Јавноста стана свесна и со право реагира за штетата што се прави со Договорот за стартешко партнерство за изградбата на коридорите 8 и 10д.
Договорот е правен целосно на штета на државата и на грѓаните во Македонија. Никој разумен што управува со држава не би прифатил услови кои овие двајца именувани прифатиле, освен од причини што само тие си ги знаат, а целата јавност со пручина претпоставува.
На државата и се наметнуваат невидени обврски дури и да не се изгради автопатот.
Државата и граѓаните ќе треба да плаќаат за грешките на власта.
Со тоа се руши системот и се предлагаат закони за да се сокријат криминалите и корупцијата и да скријат и избегнат одговорност и санкции.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека за штетета што ја прават Ковачевски и Груби ќе мора да одговараат и да и ја надоместат на државата, но од лични средства и имот. Овие двајца, кои постојано се повикуваат на правото и законите, а во суштина се крајно неодговорни и не се свесни дека не можат да побегнат од судот на народот и од генерациите кои доаѓаат.
Социјалистичката партија на Македонија предлага заедно со измените на 8-те закони кои се во постапка да се предвиди измена на Кривичниот закон за сторено финансиско предавство кон државата и да се определат максимални казни за сторителите.
Ново на Сител
-

Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекорден раст од 32,4%
-

Дизелот поевтинува за четири денари
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Николоски: Интензивна динамика на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“, правиме се да се овозможи простор за што повеќе работа
-

Газда на маркет малтретирал деца откако ги фатил како крадат чоколадно млеко во Охрид
-

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни
