СПМ: Маричиќ не разликува причина од последица
Социјалистичката партија на Македонија повторно укажува на недораснатоста на вицепремиерот Маричиќ на функцијата што ја има, овој пат покажувајќи дека не разликува причина од последица.
Причините за недонесување на уставните измени само нему не му се јасни затоа што слепилото од неговото заложништво на бугарските врховистички барања не му дозволува да ја види штетата која и ја создава на македонската нација.
Апатридниот Маричиќ дрско ја обвинува опозицијата со пласирање замена на тези кои се небулозни, проддолжувајчи да ги брани бугарските барања од Протоколот со кој се негира постоењето на македонскиот народ и сите негови идентитетски обележја.
Овој министер со досега најлош ЕУ извештај признава дека не е моќен да го исполни тоа што неговиот колега Османи потпишал, со согласност на Заев и Ковчаевски.
За жалење е секој настап на Маричиќ, вистинскиот кочничар на европската агенда, на нелегитимниот и несериозен Ковачевски и целата криминална влада кои служат како предмет за потсмев и презир кај граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека одговорност за неуспесите на политиките на власта, за криминалите и корупцијата мора да има и тоа лична и кривична и да се бара надомест на штетите што се направени.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека единствено опозициската Коалиција "Обнова на Македонија" е подготвена за одбрана на националните интереси и просперитет на Македонија за што ја има огромната поддршка од македонскиот народ и граѓаните.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино
-
Град Скопје: Засилен инспекциски надзор со цел намалување на аерозагадувањето, минатата недела изречени казни за над 20 сторители
-
Во Скопје утре посебен сообраќаен режим по повод празникот Бадник